Ливерпул е во преговори со Пари Сен Жермен за позајмица на ѕвездата Килијан Мбапе, тврдат медиумите на Островот. „Црвените“ сакаат да се засилат со францускиот репрезентативец во следните 12 месеци додека не му истече договорот со ПСЖ. На тој начин „светците“ ќе добијат пари за напаѓачот кој не сака да го продолжи договорот, а тој самиот ќе игра наместо да ризикува да ја пропушти целата сезона.
Како што е познато, ПСЖ очајно се обидува да го продаде Мбапе и ја прифати понудата на Ал-Хилал вредна 300 милиони евра, но играчот категорично одби да замине во Саудиска Арабија. За сопствениците на францускиот клуб тоа е сигурен знак дека има договор со Реал Мадрид да потпише како слободен играч и да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето.
Мбапе отсекогаш се однесувал со голема почит кон Ливерпул, а неговата мајка е дури и навивачка на тимот од „Енфилд“. Јирген Клоп неколкупати разговарал со напаѓачот во текот на годините за можна преселба во клубот, вклучително и пред да се пресели Мбапе од Монако во ПСЖ.
Во меѓувреме, „ЕСПН“ пренесува дека Реал Мадрид планира да го комплетира трансферот на Мбапе до почетокот на сезоната во Ла Лига на 15 август.