Дека секое лето останува запаметено по некој тренд сме повеќе од сигурни, а оваа сезона веројатно знаете дека на прво место е „сирена“ трендот, како во модата, така и во козметиката.
Новата колекција на омилениот бренд Kiko Milano дојде токму навреме со можеби најубавото име сезонава, „Little Mermaid“, целосно инспирирана и во соработка со Disney.
Дури и пред новиот омилен филм „Малата сирена“ да стане популарен кај публиката, девојките беа обземени од трендот, па така на социјалните мрежи секојдневно растеа објавите во кои целиот акцент беше ставен на сјајната кожа, сенките во нијанси на водата, нежните кармини, но и лаковите со светкави детали.
Како официјален соработник за козметика на филмот, Kiko Milano уште еднаш понуди неодолива палета на производи во кои целото внимание го посвети на СПФ заштитата, акцентирајќи ја важноста на ова прашање во текот на топлите денови.
Уште еднаш, брендот понуди исклучителни производи, клинички тестирани и во совршено пакување што ќе сакате да го чувате засекогаш.
Ова лето, не двоумете се и вашиот изглед истакнете го со нежната пудра со СПФ заштита за сјаен изглед на кожата, акцентирајте ги очите со сенките во впечатливи нијанси како никогаш досега, уживајте во мирисот на океанот со уникатните кармини и сјаеви, но додајте доза гламур и со руменилото со исклучителен сјај.
Инспирирани од приказната за храбрата принцеза и нејзиниот слободен и авантуристички дух, овие топли денови дозволете си да се разгалите со сите неодоливи бои што ги нуди Kiko Milano, спакувани во најубавите дизајни досега, што единствено можете да ги најдете во продавниците на брендот во Ист Гејт и Сити Мол, како и онлајн на www.fashiongroup.com.mk.
(ПР)