Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Soobrakajka.webp.webp

Под дејство на алкохол, возач од Куманово направил сообраќајка. Околу полноќ, во првиот ден од месец декември било пријавено во СВР Куманово дека на крстосницата од бул. ,,Октомвриска Револуција”, ул. ,,Иво Лола Рибар” и ул. ,,Ѓорче Петров” се случила несреќа помеѓу фолксваген поло со кумановски регистрации управувано од 22-годишниот Н.Т и возило фолксваген поло со штипски регистрации од 48- годишниот Д.К.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.К., констатирани во Општа болница Куманово. По насока од јавен обвинител, возачот Н.Т. е лишен од слобода затоа што при извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,21 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец