Утрински Весник
Магазин

Линкин Парк се враќаат со нова пејачка и албум

Linkin Park 1024x576 1.jpg

Линкин Парк ги претстави новата пејачка Емили Армстронг и тапанарот Колин Бритејн, кој се приклучуваат на старите членови Мајк Шинода, Бред Делсон, Феникс Фарел и Џо Хан.

Бендот го објави синглот „The Emptiness Machine“, а го најави и новиот албум „From Zero“ кој треба да излезе на 15 ноември.

Линкин Парк е алтернативен рок бенд основан во 1996 година во Лос Анџелес. Три години по основањето во бендот се приклучи и Честер Бенингтон, кој беше фронтмен додека не почина во 2017 година. Во 2000 година бендот го издаде својот дебитантски албум „Hybrid Theory“ кој постигнат огромен успех.

Последниот албум Линкин Парк го објавија два месеца пред смртта на Бенингтон. Неговата смрт ги погоди фановите низ целито свет, а бендот досега одбиваше да настапува.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста