Утрински Весник
Магазин

Линкедин сега нуди и содржини за игри

Linkedin Linkedin Puzzle Games 2.webp.webp
Dik 300x250 mk

Линкедин е најновата компанија која влезе во бизнисот со игри. Сега корисниците на популарната платформа можат да играат три различни игри.

Pinpoint, Queens и Crossclimb се достапни за корисниците наЛинкедин на десктоп и мобилната апликација.

Секоја од игрите ќе може да се игра еднаш дневно, а по сесијата, на играчот ќе му бидат достапни статистиките како рекорди, различни табли на водачи и кој друг ја играл играта од мрежата на корисникот.

Новите игри се достапни во делот LinkedIn News и My Network на десктоп и картичката My Network на мобилните уреди.

Одлуката на Линкедин да влезе во екосистемот на игри не е изненадување, имајќи предвид дека на тоа се одлучија и некои други компании. Ова е начин да се привлечат нови корисници и да им се овозможи на старите да бидат поактивни на интернет.

Линкеедин засега сè уште не наплаќа за својата гејмерска содржина и засега служи само за подолго задржување на корисниците на платформата.

Можете да прочитате

Ако бојлерот ви е секогаш вклучен: Грешка што многумина ја прават води до високи сметки за струја

Модниот бренд „Funky Buddha” за прв пат на македонскиот пазар во Diamond Mall

Жестока дискусија: Свети Лука или Ноќ на вештерките: 31 октомври е датумот што ги спојува двата празника – еве што вели црквата