Утрински Весник
Македонија

Лихвар од Штип за дадени 33.000 денари барал да му вратат 300.000, ако луѓето доцнеле им се заканувал

Повозрасни скопјани останале без 3.500 евра, подлегнале на позната измама

Полицијата поднесе кривични пријави против Е.Ј.(35) од Штип, со престојување во Радовиш, поради сомнение дека сторил кривични дела „Уцена“ и „Лихварство“.

dobivaj vesti na viber

Во текот на 2022 година и почетокот на 2023 година осомничениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал несразмерна имотна корист која најчесто била со неделна камата од 100 отсто, односно двојно поголема од позајмената вредност која се удвојувала со секоја помината недела.

Исто така, осомничениот на две од лицата на кои претходно со устен договор им дал пари, при задоцнета наплата им упатил сериозни закани, со што истите биле присилени да извршат уплата од 300.000 денари за даден заем од 33.000 денари, односно 1.400.000 денари за даден заем со устен договор од 60.000 денари.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор