Лидс Јунајтед одигра одличен меч на „Енфилд Роуд“ и го победи Ливерпул со 1:2 прекинувајќи ја низата од 29 меча без пораз дома на тимот на Јирген Клоп. Тоа е нов голем шок за „црвените“ кои оваа сезона играат во стилот топло – ладно.
Лидс најави дека е расположен за добар резултат со голот на Родриго во четвртата минута.
Мохамед Салах израмни само десет минути подоцна и сите мислеа дека Ливерпул ќе влезе во очекуваниот ритам. Но, гостинскиот голман Илан Мелие беше неверојатен, бранеше речиси се, спаси неколку зицери, а во завршницата Крисенсио Самервил ја погоди мрежата на Алисон и предизвика вистински шок на „Енфилд“.