Утрински Весник
Македонија

Лидерите на парламентарните партии на средба во Собранието

Собранието со закон забрани здруженија да носат фашистички имиња
Dik 300x250 mk

Денес на покана на премиерот, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.

dobivaj vesti na viber

„На средбата, која ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски по што ќе се отвори дискусија меѓу претседателите на парламентарните политички партии, за европската иднина на Република Северна Македонија како и за одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со широк политички и општествен консензус“, соопштија од владината прес-служба.

Ковачевски во саботата изјави дека лидерската средба ја свикал со цел сите политички партии кои се застапени во парламентот заедно да разговараат за европската иднина на државата и за сите одлуки коишто треба да бидат доносени.

Можете да прочитате

ДИК ги одби сите 16 приговори за вториот круг во Брвеница, Карпош и Шуто Оризари

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСМ, да си поднесе оставка