Утрински Весник
Македонија

Личните предмети на загинатите и повредените во „Пулс“ ќе се враќаат на семејствата

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, се повикуваат во периодот од 2 март 2026 година (понеделник) до 6 март 2026 година (петок), во терминот од 09:00 до 18:00 часот, да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на улица „Тодосија Паунов“ бр. 12.

Целта на повикот е враќање на личните предмети кои биле пронајдени на местото на настанот за време на увидот и кои им припаѓаат на повредените и починатите лица.


Меѓу предметите се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки. Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиските членови на семејствата на починатите.

извор: 4news.mk

Можете да прочитате

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта

Расправија меѓу малолетници прерасна во групна тепачка во Шуто Оризари