Утрински Весник
Македонија

Лице од прилепско при веселба пукало во воздух, а потоа и во стапало

Лице од прилепско при веселба пукало во воздух, а потоа и во стапало

Во текот на вчерашниот ден во 17.59 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Ф.(54) од с.Дебреште, прилепско.

dobivaj vesti na viber

Полициски службеници извршиле службен разговор со лицето, при што било констатирано дека околу 17.30 часот во с.Дебреште, при семејна веселба, Ш.Ф. од огнено оружје испукал неколку куршуми во воздух.

Потоа додека се превезувал со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки испукал еден куршум во неговото десно стапало. Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски