Утрински Весник
Македонија

Лице од кумановско уапсено поради фалсификување пари

1707216064 1.webp.webp

На 14.08.2024 во 16.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н.(43) од село Лопате, кумановско.

Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија” во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Жена тешко повредена откако автомобил излетал од автопатот Скопје – Штип

Давкова: Состојбата во државата е стабилна и безбедна

Ужас во Делчево: Малолетник обљубил 17годишно девојче