Утрински Весник
Македонија

Лица од Битолско фатени додека сечеле доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија

Лица од Битолско фатени додека сечеле доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија

Вчера, во близина на селото Рожден, Кавадаречко, полициски службеници ги привеле С. Ш. (59) од село Кукуречани, Битолско, Ј. Н. (53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод, и Б. С. (62) од село Лисичани, општина Пласница.

dobivaj vesti na viber

Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудникот кај селото Мрежичко, Кавадаречко, тие биле забележани како со погоден алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите што ја движат транспортната трака од рудникот до фабриката“, велат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Милошоски: Пироманите се организирани, а целта е да се предизвика политичка нестабилност кај владата

Деца во градинка во Центар пронашле шприц во дворот користен од наркоман, ја скршиле иглата и се гребеле со неа

Мицкоски: Со нетрпение го очекувам решението на СДСМ за црвените линии со Бугарија