Утрински Весник
Македонија

Левицата: Криминалот на Онкологија прекршува многубројни меѓународни регулативи, поддршка за протестот

Левицата: Криминалот на Онкологија прекршува многубројни меѓународни регулативи, поддршка за протестот

„Една онколошка клиника треба да исполнува разни меѓународни стандарди и насоки за да обезбеди квалитетна и безбедна здравствена нега на пациентите. Повеќе од најважните меѓународни стандарди и насоки, кои се однесуваат на онколошките клиники, се прекршени во последните 5 години од кога постојат докази за отстранување на автоматизираниот систем за подготовка на цитостатската терапија и докази за крадење цитостатици, кои се продаваат на црниот пазар во Косово“, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„ISO 9001:2015 QMS: Овој стандард вклучува барања за управување на квалитетот во организациите. Кражбата на лекови и нивната продажба на црниот пазар ги нарушува принципите на овозможување и контролата на квалитетот во клиниката.

ISO 15189:2012 Medical Laboratories – Requirements for Quality and Competence: Подготвувањето на цитостатиците било рачно, иако бил набавен автоматизиран систем за подготовка на цитостатската терапија. Со тоа тенденциозно се зголемувале можностите за контаминација на терапијата, а се овозможило и бајпас на регулирањето на количините лекови што се користеле за подготовка на терапијата. Со тоа е прекршен и овој меѓународен стандард.

Етички кодекси и стандарди за здравствени работници: Кражбата на лекови и нивната продажба на црниот пазар од страна на медицинскиот персонал е сериозно етичко нарушување и има сериозни последици во врска со професионалната одговорност и етика на здравствениот персонал. Ова резултира со нарушување на довербата што пациентите ја имаат во оваа здравствена институција. Само конкретни обвиненија од страна на ОЈО, за сите вработени на Клиниката за онкологија, кои биле дел од криминалната мрежа на продажба на цитостатици на црниот пазар, би биле лекција за идните генерации, кои би го преземале професионалното унапредување на работата на онколошката клиника.

Потсетуваме дека кражбата на цитостатици е кривично дело и според Кривичниот законик на Република Македонија, а вклучените во кражбата на цитостатици прекршиле многубројни членови и од Законот за здравствената заштита на Република Македонија, како и од Законот за лековите и медицинските средства“, се наведува во соопштението на Левицата.

Од таму очекуваат ОЈО да излезе со конкретни обвиненија што побргу.

Левицата ќе го поддржи следниот протест пред Владата на Република Македонија в понеделник, 25 септември, во 18 часот – „против ненаситните профитери од владејачките партии“.

Можете да прочитате

Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ се во финална фаза

Паника во летот од Цирих кон Скопје принудно вратен назад во авионот удрил гром

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е против „Северна Македонија“ а го избриша „Република Македонија“ од својот Статут