Утрински Весник
Македонија

Левица: Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

На денешната пленарна седница, со поддршка од сите парламентарни партии, се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување. Ова е чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од општо добро за сите граѓани. 

Со измените на Законот за здравствена заштита се укина дискреционото право на директорите на здравствените установи да одлучуваат кои кандидати ќе бидат вработени и наместо тоа со новата законска обврска ќе бидат избрани најдобрите кандидати.

Подобро и прогресивно општество се гради само преку вреднување на трудот на најквалитетните умови, а со усвоениот закон на Левица се трасира патот во таа насока.

Можете да прочитате

Кампањата против предметите на СЈО е операција за враќање на Груевски, велат од СДСМ

ДУИ бара кривична одговорност од Филков

Измамена тетовка, дала капар за имот во странство па останала и без пари и без имот