Утрински Весник
Македонија

Левица: Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Levica.jpg

Соопштение на Левица:

Цел месец нема исплата на надомест за породилно отсуство. Мајките кои се на породилно отсуство, жени што родиле, кои се во најчувствителниот период по породување, се оставени без средства што им следуваат по закон. Породилното не е владина милостина, туку надоместок што произлегува од работен однос и платени придонеси. Кога Владата доцни со исплатата, таа практично им ги задржува парите на мајките во момент кога секој ден значи трошок – за пелени, млеко, лекарства, хигиена, контроли.


Во држава со мизерни плати и сѐ поскап животен стандард, каде голем дел од семејствата едвај го туркаат месецот, вакво доцнење не е банална административна грешка, туку сериозен удар врз егзистенцијата. Најпогодени се самохраните мајки и семејствата каде мајката е единствениот вработен или носител на приходот. За нив, породилното не е додаток, туку основа за преживување.

Особено лицемерно е што истата таа власт секојдневно зборува за демографија, за зголемување на наталитетот. Не може да повикувате на раѓање деца, а да не сте способни навреме да исплатите породилно. Не може да се гради демографска политика со празни флоскули додека мајките чекаат на исплата до последен ден од месецот. Доколку Владата има капацитет навреме да исплаќа функционерски плати и привилегии, тогаш мора да има капацитет и навреме да ги исплати мајките. Сѐ друго е доказ за погрешно поставени приоритети.

Левица бара итна исплата на заостанатото породилно и јасен одговор од надлежните – дали станува збор за финансиски проблем, лошо буџетско планирање или елементарна неспособност.
Држава која штеди и не ги приоретизира мајките и новороденчињата, не може да зборува за иднина.

Можете да прочитате

Мајка пријави дека нејзината 9-годишна ќерка била бакнувана и допирана од роднина

Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2025/2026 година

Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра