Утрински Весник
Македонија

Левица: Со поддршката на Гаши, Мицкоски го поттикнува неговото дивеење

Levica.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ПП Левица

Најавата за еднаквост пред законите од партиите на власт е претворена во фарса пред варварското поведение од претседателот на Собранието, Африм Гаши. Најавата на Мицкоски дека ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата е само поддршка за газењето на Уставот, кршењето на законите и злоупотребите на деловникот од страна на собранискиот спикер, кому сето ова му „успеа” за пократко од 100 дена. 

Збеснатиот Гаши смогна сили и непосредно по поднесувањето на интерпелацијата да направи нов скандал, одејки со службено возило и собраниско обезбедување на свадба во друга држава – дејствие проследено со блокирање на границата и овозможување нелегален нејзин премин од други возила; скандал, не помал од оној кога неговото обезбедување вадеше пиштол на полициски службеник.

Децидни сме дека Африм Гаши нема ниту углед, ниту интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и заради тоа бараме поддршка за интерпелацијата во седум точки:

1. Повреда на секуларноста на државата;

2. Повреда на дипломатските правила за обезбедување на ВИП – личности;

3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;

4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;

5. Повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите;

6. Повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам;

7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците!

Сметаме дека доволно е срушен угледот на државата за да се толерира овој варваризам! Повторуваме и потсетуваме дека стоиме на располагање и даваме бланко – поддршка на пратениците од ДПМНЕ за смена на Претседателот на Собранието и избор на нов собраниски спикер од нивната пратеничка група.

Левица уште еднаш ги повикува пратениците на ДПМНЕ да престанат да ги штитат антидржавните и косовски елементи во сопствената коалиција и Влада, кои непрекинато ги ништат угледот и достоинството на државата.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето