Утрински Весник
Македонија

Левица: Скопје како плен – реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Levica.webp.webp

На чело на Град Скопје, преку градоначалникот  Орце Ѓорѓиевски, се отелотворува опасната комбинација од ароганција и политички реваншизам, својствена на ВМРО-ДПМНЕ. Опиен од привилегиите на функцијата, наместо да управува со градот, демонстрира тотална политичка одмаздољубивост, ароганција, злонамерност и политички реваншизам.
Фактот дека наш политички активист, кој 18 години работел во ЈСП, беше избркан од работа врз основа на политичка дискриминација, говори доволно. Орце Ѓорѓиевски не е способен да го води градот, туку единствено да се пресметува со политички неистомисленици.

Но уште поголем проблем од реваншизмот е неспособноста.
Неспособност да се води град, да се решат проблемите на граѓаните и неспособност да се одржи основната функционалност на јавните претпријатија.


Ова не е изолиран случај – ова е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт, институциите се претвораат во партиски штабови, а јавните претпријатија се уништуваат без милост.
ЈСП е најголемата жртва на ова криминално и неспособно владеење. ЈСП не е само уништен, туку е системски закопан, девалвиран и завиен во црно – оставен да пропадне за да се отвори простор за бизнис-зделки на грбот на граѓаните.
Круна на оваа катастрофа е штетниот договор со „Маратон”, потпишан од Игор Јанушев – договор кој е симбол на грабежот, нетранспарентноста и клиентелизмот. Ова е континуитетот од кој влече Орце Ѓорѓиевски. Како и сега, така и претходно, ВМРО-ДПМНЕ го уништувал главниот град систематски. И секогаш последиците ги плаќаат граѓаните – со нефункционален превоз, со уништени претпријатија, со лоши јавни услуги и со град заложник на една отуѓена криминална партија, како најголем непријател на Скопје.

Никогаш нема да заборавиме – токму ВМРО-ДПМНЕ четири години ја блокираше набавката на нови автобуси. А сегашната власт сè уште не обезбедува нови автобуси. Тоа е затоа што на нив им е најмал приоритет она што на обичниот граѓанин му е најважно во секојдневието. Јавниот превоз ќе остане девастиран сè додека ВМРО-ДПМНЕ остане на власт во градот.

Токму ВМРО-ДПМНЕ ги има преплавено институциите со партиски кадри, роднини, донатори и партиски послушници. Нема стручност и компетентност – само партиска контрола.
Проблемот е Орце Ѓорѓиевски, кој се занимава со политички реваншизам, а веќе дава ужасни резултати во својот мандат со неговата неспособност, политика на одмазда и партиска слепост.
Проблемот е ВМРО-ДПМНЕ – партија која 35 години системски ја уништува државата, ги распродава институциите и ја претвора јавната власт во приватен бизнис.

И затоа пораката е јасна и без компромис:
До последниот ден од мандатот на Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидеме најголем противник на нивното корозивно владеење. Најголема доблест е да се спротивставиме на најголемиот непријател на Скопје.
Во градот постојат многу луѓе за кои не е нормално ова мафијашко, иживувачко и крајно неспособно владеење. Во градот постојат луѓе кои со нетрпение го очекуваат денот кога конечно ќе се ослободиме и Скопје ќе се врати кај граѓаните.
Секој ден во кој Левица ја води борбата носи чекор кон ослободувањето. И секој ден е ден поблиску до конечната победа.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот 

Полицијата приведе девет возачи за безобѕирно возење

СВР Велес сузби шема за нелегална сеча: Поднесени пријави против управител, возач и вработен во „Национални шуми“