Утрински Весник
Македонија

Левица: Пратениците на премиерот енергетичар го одбија амандманот на Левица за Чебрен да влезе во Буџетот

Cebren.jpg

Соопштение на Левица:

Пратениците од владејачкото мнозиснтво повторно ја одбија иницијативата на Левица за издвојување буџетски средства за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште, предложена преку амандман на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ.


Во своето обраќање на комисиската седница, Мециновиќ истакна дека премиерот пред извесно време изјавил дека „Македонија треба да стане извозник на енергенси”, но дека ваквата амбиција е далеку од реалноста, имајќи предвид дека земјата моментално е една од најзависните во регионот.

„Ние ја поддржуваме иницијативата Македонија да стане енергетски независна. Токму затоа го поднесовме овој амандман – за да поставиме јасни временски рамки и да ја обезбедиме основата за реализација на тие планови,” рече Мециновиќ.

Тој предупреди дека стратегијата на Владата да ги финансира идните енергетски капацитети преку британски кредит е опасна и може да ја втурне државата во должничко ропство. Дополнително, нагласи дека ако тие капацитети не останат во државна сопственост, ништо не сме постигнале, освен што сме ископале уште поголема дупка за самите себе.

„Ова не треба да биде проблем ниту за Министерството за финансии, ниту за владејачкото мнозинство. Ако навистина сакате да се гради, ајде да го внесеме проектот како ставка во Буџетот и да почнеме да се движиме во вистинска насока,” повика пратеникот на Левица.

И покрај ова, мнозинството пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го одбија амандманот, со што проектот за Чебрен и Галиште остана надвор од буџетските приоритети за оваа година.

Можете да прочитате

Додека пожари пустошат – деца се ладат во загадениот Вардар кај Керамидница

Ангелов: Пожарот кај фабриката Самоков е активен, но нема опасност по објектот

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите