Утрински Весник
Македонија

Левица: ,,Патриотите” од ДПМНЕ преку Гаши го блокираат Законот за бранителите

Levica.jpg

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Процедурално обраќање на пратеникот Сашко Јанчев до претседателот на Собранието, Африм Гаши:

,,Процедуралното се однесува на Законот за бранителите и по однос на тој закон, очигледна е вашата намера тој закон никогаш да не дојде на дневен ред и очигледно е дека тоа е со ,амин’ од ДПМНЕ.

За нив патриотизмот е обичен мамец за предизборен лов на гласови. Да беа искрени во патриотизмот, прво ќе го прифатеа условот за формирање на Влада на Левица, а тоа беше ,Македонската платформа’. Потоа ќе ја прифатеа бланко – поддршката на Левица за избор на претседател на Собранието, освен за Африм Гаши, за седниците да се водат на македонски јазик, така што сега немаше да го користат Гаши за да бегаат од Законот за бранителите ко ѓавол од темјан.

Саботажата на Законот се прави со прекршување на членовите 123, ст. 2, член 173, ст. 3 и член 126, ст. 3 од Деловникот.

Член 123, ст. 2 вика дека работа на матичните комисии е да ги разгледа предлог законите. Во превод: не може комисија да не разгледа предлог закон! Во тој случај нема комисија. Ако нема работа по предлог закон, нема комисија. Многу едноставно.

Деловникот дури предвидува и резервен, заштитен механизам, за да не се случува некоја комисија да не разгледува предлог закони. Во таква ситуација, согласно член 126, ст. 3, претседателот на Собранието е должен да интервенира и тој да свика седница и да назначи претседавач кој ќе ја заврши таа деловничка обврска.

Претседателе, вие во договор со ДПМНЕ јасно кажавте дека немате намера да свикате комисија за Законот за бранителите и затоа од Левица ќе добиете кривична пријава.”

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година