Утрински Весник
Македонија

Левица обвини за повеќе нерегуларности

Levica.jpg

Политичкаата партија Левица на првата прес-конференција обвини за повеќе нарушувања на изборниот процес.

Беше соопштено дека изборниот молк не бил почитуван, штабовите биле отворени. Нивни набљудувачи не биле пуштани, и имало низа притисоци по СМС и во живо.


„Во изборната единица 3 во неколку општини, се направени анонимни повици кон наши активисти и кандидати на кои им е нудено одреден број гласачи од ромска етничка заедница да гласаат за одредена сума на пари. Претпоставуваме дека разговорите се снимени во обид да се компромитираат понатаму кандидатите“, беше истакнато. Случајот бил пријавен.

Можете да прочитате

Почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство

Голем заплен на Деве Баир – полицијата пронајде 24 пакувања марихуана во камион

САД испраќаат јасна порака: Критичните минерали се национален интерес, Македонија сè уште нема нов рудник