Утрински Весник
Македонија

Левица: На кого му одговара организираниот грабеж со патарините?!

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Жител на Гостивар плаќа 1.000 денари патарини за вкупно 460 километри во двата правци на автопатот до македонско-грчката граница (или 2,57 денари по километар!) што Македонија ја прави земја со најскапи автопати во Западен Балкан.


Во Србија, минувањето на делницата долга 600 километри од Прешево до унгарската граница чини 48 евра во двата правци (или 2,37 денари по километар!). 

Ова ја прави Македонија држава со најскапи патарини за патишта кои не се ни автопати. На предлог-законот од Левица да се намалат патарините за 50%, пратеници од власта викаат дека требало да го пофалиме ЈПДП што имало рекордна наплата на патарини?!

Па, токму таа рекордна наплата е од џебот на сиромашните граѓани што го полнат буџетот за партиски вработувања. Ама од десничарска влада не се ни очекува рекордна наплата на даноци од милионери (како Анѓушеви и Заеви), туку арачот се збира од сиромашните – исто како во време османлиско.

Можете да прочитате

Металната порта во Старата скопска чаршија е дивоградба – не може да се легализира, мора да се урне

Тоа што затекнале е страшно: Се огласи внукот на Зоки Фаци по немилиот настан

Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени