Утрински Весник
Македонија

Левица: Кумот на Максим Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Додека граѓаните на Куманово живеат во хаос од урбанизација и масовно се иселуваат– блиските луѓе на Максим Димитриевски очигледно доживуваат вистински бизнис-бум. Левица открива нов скандал: од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп”, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. Тоа значи дека една третина од сите прифатени иницијативи завршуваат кај фирма директно поврзана со најтесниот круг на градоначалникот.


Во целата шема се појавува и Александар Крстевски – поранешен раководител на Агенцијата за култура, а денес директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто”. Наместо институциите да работат во интерес на граѓаните, гледаме како функционери и луѓе блиски до Максим Димитриевски се вртат околу профитабилни бизнис-комбинации поврзани со енергетскиот сектор.

Кумот на Максим Димитриевски се појавува и во скандалот со ,,Лидл”, каде земјиштето предвидено за изградба на маркетот се нашло во сопственост токму на кумот Драган Митевски, уште пред јавноста да дознае дека германскиот трговски ланец ќе инвестира во Куманово.

Очигледно, во Куманово најбрзо се развиваат бизнисите на кумовите на Максим Димитриевски. Кога една третина од енергетските иницијативи завршуваат кај фирма на кумот на градоначалникот – тоа не е „успешен бизнис”. Тоа е доказ дека ЗНАМ и Максим Димитриевски го претвораат Куманово во приватен бизнис-проект за блиски луѓе.

Можете да прочитате

ВМРО-НП: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Неодамнешниот протест на албанските студенти во Скопје и реакциите на официјалните институции на Македонија и Албанија