Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Левица: Касами не дозволува македонските клубови да го користат стадионот

Левица: Касами не дозволува македонските клубови да го користат стадионот
300x250 opst2

„Етнотрибалистичките испади на градоначалникот од Беса, Касами, не престануваат. Од ФК Тетекс денес објавија дека уште од февруари не им е дозволено да ги користат стадионите во Тетово, а ексклузивно право има ФК Шкендија.

dobivaj vesti na viber

Кога анти-државната Беса нема што да понуди за граѓаните, прибегнува кон етношовинизам, па така само ФК Шкендија има право да ги користи градските стадиони, додека ФК Тетекс и ФК Љуботен не добија ни образложение зошто не смеат да ги користат стадионите.

После скандалозно организираниот пречек на Курти од страна на Касами, не е изненадувачки ваквата дискриминација кон македонските клубови, од страна на потрошени политичари заглавени во идеи од минатиот век.

Левица го осудува ваквото однесување на Општина Тетово и Касами, особено во спортот и ќе ги поддржи македонските клубови на протест против локалната власт за ваквото самоволие!“

Соопштение на Левица

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка