Утрински Весник
Македонија

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево

Levica.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на Левица:

Јавно изразената поддршка на Билал Касами за кандидадот за градоначалник од ДУИ во Кичево претставува директна заштита и амнестија на криминалните мандати на Фатмир Дехари! Додека Мицкоски и провладините медиуми во паника постојано ја оцрнуваат Левица, токму оној кој ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово сега ќе го спасува Дехари од губење на власта во Кичево.


Дали премиерот Мицкоски вака ќе расчистува со криминалите на ДУИ – додека неговата партија го поддржа сепаратистот Касами во Тетово, токму тој во вториот круг ќе го спасува Фатмир Дехари од губење на градоначалничката функција?! Иако ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга за понизно да ги поддржи коалициските кандидати, сепак ВРЕДИ не го поддржа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево за конечно ДУИ да отиде во опозиција во градот кој за Ахмети беше “воен плен”!

Додека Мицкоски опсесивно да ги оцрнува кандидатите за градоначалници на Левица, фактите се јасни: во Брвеница и Кичево неговите коалициски партнери директно соработуваат со ДУИ. Потсетуваме дека во општина Брвеница, кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ повика на обединување со ДУИ во вториот круг од локалните избори.

Ваквото коленичење на ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници пред помалиот коалициски партнер е на директна штета на сите жители на Кичево – кои неколку мандати се заробени од криминалното владеење на Фатмир Дехари. 

Станува јасно дека целата оркестрирана владина кампања против Левица (која доживеа историски успех овие избори во градот Скопје) е со единствена цел – дефокус од понижувањето кое го доживеа партијата на Мицкоски од сопствените коалициски партнери, кои директно одработуваат за заштита на криминалите на ДУИ. 

Можете да прочитате

Двајца штипјани извадиле 90.000 денари од туѓа картичка

Возач нападнат, возилото оштетено на патот Јурумлери–Драчево!

Амбасадата потврди заминување на Агелер од Македонија