Утрински Весник
Македонија

Левица: Гаши е над Уставот благодарение на ДПМНЕ и ЗНАМ

Levica.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Политичарите од елитата се над законите, а оние од партиите на албанското малцинство и над Уставот! Ова е заробен систем без трага на владеење на правото. Покрај прекршувањето на највисокиот правен акт, Деловникот на Собранието и низата други настани со политички и кривични импликации – мнозинството ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ со ДУИ го издигнаа спикерот Гаши над правниот поредок.

Овој бесрамен чин на антидржавно и антидемократско однесување мнозинството го надополни со примитивни, фашизоидни и манипулативни напади полни со омраза и етикетирање наместо да се осврнат на интерпелацијата. Фашизоидноста на ВРЕДИ, со поддршката која ја добиваат од 64 пратеници на ДПМНЕ и ЗНАМ ја загрозува хармонијата и сигурноста во општеството.

Изразениот антимакедонизам и шовинизам кон сите различни етнички групи во Република Македонија, како и елитизмот заедно со неказнивоста преку Гаши и ВРЕДИ ни покажаа дека оваа Влада нема ниту една одлука да донесе за зајакнување на националните позиции и во корист на националните интереси.

Можете да прочитате

Приведено лице од битолско поради предизвикување на пожар

СДСМ: Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната

Нови детали за здравствената состојба на Зоки Фаци: Одложена му е операцијата во Турција, сепак ќе се оперира во Македонија