Утрински Весник
Македонија

Левица: Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага

Левица: Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага

Катастрофалните услови и одбивањето да се реновира зградата на Државниот архив на Република Македонија се обид да се удави македонската историја, велат од политичката партија Левица.

dobivaj vesti na viber

– Пред десет години, во 2013 година, со многу помпа Државниот архив беше преместен во една од зградите на проектот Скопје 2014. Меѓутоа, за кратко време се покажа дека станува збор единствено за пиар момент, без никаква свест за вредноста и важноста на архивираните материјали, а гледано од денешна перспектива сè поверојатно е дека истото било направено тенденциозно, со намера да се уништат важни и суштински документи со непроценлива вредност. По поплавата на Архивот во 2018 година, беше извршен увид во кој учествуваше Јавното обвинителство, при што беше констатирано дека е потребна итна санација на покривот на зградата, со што ќе се спречат понатамошни поплавувања на објектот. Владата на СДС и ДУИ тогаш го повтори ставот дека наскоро ќе се донесе конечна одлука, во насока на трајно решение околу наследената ситуација со зградата на Архивот и нејзината комплетна нефункционалност, појаснуваат од Левица преку соопштение.

Оттаму велат дека денес Државниот архив е во очајна состојба со мувла и влага, а вработените се во постојана битка со водата по секој дожд.

– Од работењето на директорот Емил Крстевски единствено јавноста виде како води преписки на официјалната страна на оваа институција. Поминати повеќе од пет години, а пробугарската власт нема преземено ниту една мерка за да го заштити овој значаен објект за македонската историја! Во контакт со вработени во Архивот, Левица дојде до сознанија дека старата зграда на Архивот била една од најстручно изградените објекти во Југославија, поради што дел од вработените бараат да се вратат во стариот објект, велат од Левица.

Можете да прочитате

Врнежи и грмежи доаѓаат во Македонија, можно е невреме!

Талевски: Тошковски како Груевски, сака да формира партиска милиција под своја команда!

Николоски: Многу критичари има пред тастатура, но од експресниот пат Фариш – Дреново отстраниме материјал колку Градски стадион да го наполниме