Утрински Весник
Македонија

Левица алармира за предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се пишувале како Роми за наводна социјална помош

Photo 2025 07 31 13 42 46.jpg

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции!


Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството.

Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница.

Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил” 40% од целото ромско население во општината – бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна!

Дополнително, според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош”.

Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот!

Можете да прочитате

ДОМ: Претпразнични и предизборни партиски вработувања во инспекторатот за животна средина

Чупеска: СДСМ бара претседателката Сиљановска да не го потпише Указот за скандалозните Закони за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува бројот на туристи, државата засилено се поврзува