Утрински Весник
Македонија

Левица ја презема улогата на ЗНАМ, велат од СДСМ

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ.


Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач” на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица.

Партија креирана токму за вакви потреби.

Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ.

Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се за НАТО.

Руска партија во земја во која САД се стратешки партнер.

За што служи оваа партија? За ништо!

Единствената улога на Левица е да ја напаѓа СДСМ кога криминалната влада на ВМРО нема одговори за Реформската агенда. 

Кога останаа уште само 13 дена до ветувањето на Мицкоски дека ќе ги исполни сите 10 точки од реформите.

Ето за тоа служи Левица и за ништо друго.

Граѓаните јасно гледаат: секој пат кога ВМРО заглави со реформите и со ЕУ-патот, се активира некој нов „спијач” за дефокус и напади врз СДСМ.

Доста е со проектите и лажните партии.

Граѓаните сакаат реформи, правда и Европа.

Можете да прочитате

Работник на „Комуналец“ Гостивар починал при чистење на канал за вода

Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции