Утрински Весник
Свет

Летовите кон Москва ги намалуваат шансите на Грузија за кандидатски статус за ЕУ

Летовите кон Москва ги намалуваат шансите на Грузија за кандидатски статус за ЕУ
Ss2

Грузија во последниве месеци се обиде да ги балансира приближувањето кон Русија и своте аспирации за влез во ЕУ, но критичарите ја обвинуваата владата на премиерот Иракли Гарибашвили за поткопување на евроинтеграцијата на Грузија и за флертување со Москва, пренесува „Еурактив“.

dobivaj vesti na viber

За разлика од Украина и Молдавија, лидерите на ЕУ не ѝ дадоа на Грузија минатиот јуни кандидатски статус и го повикаа Тбилиси да ги реформира правосудните и изборните системи, да ја подобри слободата на медиумите и да ја ограничи моќта на олигарсите.

Ss1

Тбилиси во април го поздрави потегот на Русија за укинување на четиригодишната забрана за директни летови кон Грузија и отстранувањето на деценискиот визен режим за Грузијците кои патуваат во Русија.

Двете земји немаа официјални дипломатски врски откако, по повеќегодишните тензии поради прозападната ориентација на Тбилиси, Русија ја нападна Грузија во 2008 година.

Обновата на воздушниот сообраќај меѓу двете земји дојде откако земјите од ЕУ ги забранија сите летови кон Русија поради инвазијата на Украина. Овој потег предизвика протести на опозицијата во Тбилиси, а претседателката Саломе Зурабичвили, која е во судир со владата, повика на бојкот на националниот авиопревозник „Џорџан ервејс“.

И многу Грузијци се против какво било приближување со Москва, чии војници окупираат два грузиски региони – Абхазија и Јужна Осетија – кои претставуваат околу една петтина од територијата на земјата.

Амбасадорите од ЕУ акредитирани во Грузија вчера се сретнаа со грузискиот вицепремиер и министер за економија Леван Давиташвили за да му врачат демарш во врска со обновувањето на летовите на Грузија со Русија.

„Изразивме загриженост и жалење на ЕУ поради обновувањето на воздушниот сообраќај меѓу Грузија и Русија. Оваа одлука е во спротивност со одлуката на ЕУ да не се лета кон Русија и да врши притисок врз неа“, изјави по состанокот евроамбасадорот во Грузија, Павел Херчињски.

Давиташвили наводно ги уверил претставниците на ЕУ дека летовите нема да ги опслужуваат компании санкционирани од ЕУ и дека сите руски патници ќе бидат темелно проверени, нагласувајќи дека Грузија ја дели границата со Русија и дека е во поинаков контекст од оној на земјите од ЕУ.

Друго прашање за кое се разговарало на состанокот било целокупното усогласување на Грузија со санкциите на ЕУ против Русија.

„Ние целосно ги почитуваме санкциите и на контролниот пункт Ларс и на аеродромите во нашата земја, а европските земји продолжија да тргуваат со Русија, дури и откако започнаа борбите во Украина,“ истакна Давиташвили.

 

Ss1

Можете да прочитате

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

Протест на илјадници староседелци против бразилската Влада

Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести