Утрински Весник
Македонија

Летоци со повик за бојкот на изборите во скопски Чаир – „Ако си муслиман не гласај“

20240507 153641 1024x768 1.jpg

На повеќе локации во скопски Чаир денеска се појави пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди.

Пораката е во изборен контекст, без да се посочува на кои избори да не се гласа – на парламентарните или на претседателските, пренесе 360 Степени.

Но овие повици на бојкот се очигледно религиски мотивирани затоа што на дел од пораките пишува: „Ако си муслиман, не гласај“ додека на друг леток пишува: „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“.

Можете да прочитате

ЈПДП: На коридорите 8 и 10 д во декември лани се работело на 11 моста и 10 натпатници, ангажирани 2.098 работници

Петрушевски: Зошто во СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби

Приведен неготинец осуден на четири ипол години казна затвор за „криумчарење мигранти“