Утрински Весник
Македонија

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Img 1168.jpeg

Возач од Радовиш бил санкциониран откако со возило се движел со екстремно висока брзина на експресниот пат Штип–Радовиш, информираат од МВР.

Инцидентот се случил денеска (29.03.2026) во 18:55 часот, кога полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот, со помош на специјалното возило „пресретнувач“, измериле брзина од дури 178 километри на час. Возачот управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, на делница каде што максимално дозволената брзина е 110 км/ч.


Станува збор за лицето П.К. (33) од Радовиш, против кое се преземени соодветни законски мерки и ќе следува санкција согласно прописите.

Од МВР најавуваат дека засилените контроли со „пресретнувачи“ ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи.

Надлежните потсетуваат дека преголемата брзина останува една од главните причини за сообраќајни незгоди со сериозни последици по животот и здравјето на граѓаните, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Можете да прочитате

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница