Утрински Весник
Македонија

Летал со 178 км/ч каде е дозволено 80 – возач од Гостивар остана без автомобил

673501378 1708696520115518 873519562933678446 n.jpg

Полициски пресретнувач санкционираше возач кој управувал патничко возило со брзина од дури 178 километри на час на патот Гостивар – Тетово, на делница надвор од населено место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран вчера (19.04.2026) во 18:50 часот, кога полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, со помош на специјалното возило „пресретнувач“, ја измериле екстремната брзина на движење на возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички.


Возилото веднаш било одземено, а против возачот К.И. (44) од Гостивар ќе биде поднесена соодветна постапка согласно член 297-а и член 300-б од Кривичниот законик.

Од МВР потенцираат дека контролите со специјалните возила пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на несовесните возачи и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Надлежните повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и ограничувањата на брзината, бидејќи пребрзото возење останува една од главните причини за тешки сообраќајни незгоди со сериозни последици по животот и здравјето на граѓаните.

Можете да прочитате

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат бајките на Мицкоски за 3 та економија во Европа

Левица на Конгресот на шведската Лева партија (Vänsterpartiet)