Утрински Весник
Магазин

Леонардо ди Каприо и Џејмс Блант станаа деловни партнери

Леонардо ди Каприо и Џејмс Блант станаа деловни партнери

Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо стана деловен партнер на пејачот текстописец Џејмс Блант.

dobivaj vesti na viber

48-годишниот актер и музичарот (49) наводно инвестирале во LØCI – британски бренд на вегански патики – откако нивната заедничка пријателка, принцезата Јуџин, ги убедила да ја поддржат компанијата.

Извор за весникот „Сан“ изјави: „Јуџин со брендот ја запозна својата добра другарка Софија, сопругата на Џејмс. Заедно присуствуваа на настан за промоција на компанијата минатата година“.

„Таа е поврзана со Лео преку некои нејзини холивудски пријатели и го инспирира да инвестира минатото лето“.

Веганските патики, всушност, станаа популарни кај неколку членови на кралското семејство.

Ди Каприо е добро познат по својот еколошки активизам. Во 2016 година глумеше во документарен филм „Пред потопот“, кој се фокусира на климатските промени.

Инсајдерот додаде: „Јуџин оттогаш им ги претстави патиките на принцот Хари и Меган, како и на другите ‘екофрендли’ членови на кралското семејство“.

Можете да прочитате

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк