Утрински Весник
Магазин

„Леново“ ги претстави „Моторола Разр 50“ телефоните на преклоп

68712621.jpg

Kомпанијата „Леново“ во Кина ја претстави серијата „Моторола Разр 50“ телефони на преклопување. Се работи за два модел – „Разр 50 ултра“ со 4-инчен надворешен екран и „Снепдрагон 8с ген 3“ процесор, како и „Разр 50“ којшто се напојува со процесорот „Дименсити 7300-X“.

Покрај поголемиот надворешен екран, „50 ултра“ има и потенки рабови во споредба со минатогодишниот модел „Разр 40 ултра“. Новиот телефон на преклоп има и „ПОЛЕД“ панел со резолуција од 1.080 пиксели со 100 отсто опсег на бои и освежување на екранот од 1 до 165 Хз. Уредот има главна камера од 50 МП и телефото камера, исто така од 50 МП со 2x оптички зум, користи оперативен систем „Андроид 14“, а се напојува со батерија од 4.000 мАх.

Цената на „50 ултра“ е 730 евра за конфигурација од 12/256 ГБ, и 800 евра за конфигурација 12/512. Достапен е во повеќе бои.

„Моторола Разр 50“ е основниот модел во серијата, којшто има две камери од 32 МП, 50 МП – со оптичка стабилизација на сликата, и додатна задна камера од 13 МП со видно поле од 120 степени.

Телефонот користи батерија со капацитет од 4.200 мАх, којашто поддржува 30 вати жично и 15 вати безжично полнење. Достапен е во три бои. Верзијата со 8/256 ГБ конфигурација чини 475 евра, додека за верзијата со 12 ГБ РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија ќе треба да се издвојат 515 евра.

Продажбата во Кина веќе почна, а почетокот на продажбата на светскиот пазар се очекува наскоро.

Можете да прочитате

Финансиски хороскоп за октомври: Кој хороскопски знак ќе има најмногу среќа

Фахрије Евџен има едноставна диета: Сопругата на Бали-бег нема ниту грам сало поради овој пијалок

За најубава кисела зелка: Многу е важно кога ќе киселите зелка да го примените овој метод