Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Лекарска комора бара веднаш да се расветли убиството на матичниот доктор

20220505 205045 lkm foto.jpg
Img 7972

-Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела, се вели во нивната реакција објавена на социјалните мрежи.

Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, велат од Лекарската комора.

Испратија и сочувство до семејството.

-Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин. Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем.

Лекарската комора изразува длабоко сочувство до семејството и блиските и останува будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагира, се вели во дописот

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија