Утрински Весник
Македонија

Лефков: Судот под плаштот на СДС, на Сокол наместо да му определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?

Lefkov.jpg

Интегрален текст од изјава на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да му определи притвор само му одземал пасош, му се отвора ли патот да избега?


Не е чудно зошто СДС грчевито се бори за корумпираните судии и ги брани со последни сили. Тие се последниот бедем на нивната криминална империја.

Корумпираните судии кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој шетал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство.

Со што судот се убедил дека Филип Андов Сокол кој шетал опасни затвореници низ Скопје, наместо да бидат во ќелија, нема да се впушти во бегство?

Ова се истите судии кои го ослободија убиецот на Фросина, судиите кои под влијание на Наќе Ѓеоргиев и Иџет Мемети му дадоа поблага казна на Боро Марлборо, судиите кои ги чуваат криминалците од СДС. Ова се судиите кои во своите домови имаат штабови на СДС. Од ова е јасно зошто мора да има реформи во судството.

Со вакви одлуки довербата во судството ќе го пробие дното. Ќе нема ниту еден граѓанин кој ќе верува.

Можете да прочитате

По навредите кон Петровска конечно се огласи и претседателката Давкова: Не е лошо некогаш човек и да се извини

Металната порта во Старата скопска чаршија е дивоградба – не може да се легализира, мора да се урне

Тоа што затекнале е страшно: Се огласи внукот на Зоки Фаци по немилиот настан