Утрински Весник
Македонија

Лефков: Со пакетот закони за коридорите се штитат криминални интереси во владата на Ковачевски и на Груби

Лефков: Со пакетот закони за коридорите се штитат криминални интереси во владата на Ковачевски и на Груби

„Предлог законот за измени и надополнување на законот за утврдување на стратешки интерес и номинирање на партнер е нешто за кое што целата македонска јавност дозна за каква влада станува збор за какви интереси станува збор. Како дозволија пратениците од владејачкото мнозинство да бидат поддржувачи на вака катастрофално скроени закони. Како успеавте да бидете поддржувачи на злоупотребата на европско знаменце“, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Лефков додаде и дека со овој закон се штитат криминални интереси во владата на Ковачевски и на Груби а со законот се менуваат цела плејада на закони.

„Со овој закон се штитат криминални интереси во владата на Ковачевски и на Груби. Пакет закони кои што се плејада на закони кои што се менуваат. Опозицијата побара договорот да биде објавен во службен весник. Уставниот суд вели дека на начин на кој што е донесен законот се суспендира само законот за јавни набавки додека остануваат останатите закони. И тоа вие го искористивте на тој начин да ни менува плејада закони“, истакна Лефков.

Лефков нагласи и дека со овие закони се менувааат и законот за акцизи и процедури при царинското постапување.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“