Утрински Весник
Македонија

Лефков: Филипче не само што не смее да се оттргне од Заев, туку не смее ниту од Груби

Uploads Thumbs Resize 800x420 680047.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Филипче не само што не смее да се оттргне од Заев, туку не смее ниту од Груби, тие се негови заложници и не смеат да се извинат.

Филипче не само што не смее да се оттргне од Заев, туку не смее ниту од Груби, тие се негови заложници и не смеат да се извинат.


Очигледно е дека залудни се апелите на ВМРО-ДПМНЕ до СДС да се оттргнат од Артан Груби и да се извинат за криминалот кој го правел, а тие му го овозможиле.

СДС месец дена молчи, и избра да го штити Груби, да молчи за неговите криминали и да не се извини за ништо од тоа што го правел.

СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби.

Со години СДС беа заложници на Груби во власта, за да останат да владеат дозволија да краде, сега се заложници на Груби и од опозиција.

Дали до толку е голем стравот на СДС од Груби или зависноста од него се префрла на други полиња не знаеме, но едно е јасно Венко Филипче и СДС решија да го штитат Груби и да не се извинат за него и неговите криминали.

СДС не може да излезе од деструктивната матрица, заради која ја заглавија државата, ја уништија и испокрадоа. СДС со Венко Филипче останува истото што беше со Зоран Заев и Димитар Ковачевски, ништо не смениле, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

УХМР: До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

СДСМ: Има некоја Алта врска, доцна е за оградување од СНС

40годишна жена обвинета за прегазувањето пешак во Волково