Утрински Весник
Македонија

Лефков: Филипче да каже од кои пари е изградена милионската хациенда на Водно, и дали тие средства се поврзуваат со државни тендери

1721213332 Mile Lefkov.jpg

Ова позади нас е хациендата на семјеството на Венко Филипче на Водно.

Од овде се гледа цело Скопје, а да се изгради овој објект на оваа локација потребни се 1 милион евра.

Овој објект е граден во ек на министерувањето на Филипче, кога тој управуваше со милиони евра во здравството.

Филипче мора да одговори како е градена оваа хациенда, како се стекнати парите за истата и дали истите се доведуваат во врска со тендери или друг вид работа со државата додека тој бил на функција. Филипче мора да одговори како се прави ваква хациенда со плата?

Филипче да не се обидува да користи изговори дека оваа хациенда е на името на неговата сопруга или нејзиниот татко. Тоа што истата е градена додека тој е министер говори доволно дека може да станува збор за потенцијално криење на имот на туѓо име.

ДКСК да отвори случај и да истражи како е финансирана оваа хациенда и дали парите се доведуваат во корелација со некој тендер или државна работа.

Очекуваме ДКСК да отвори истрага за овој имот на Филипче.

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален