Утрински Весник
Македонија

ЛЕДЕНА ДОБА ВО ЕВРОПА: Од Арктикот од 3 Јануари кон Европа и Балканот доаѓаат екстремно ладен бран – Многу снег, и под -30 степени!

Gfs 1 378.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почнувајќи од 3 јануари, па во деновите потоа, вклучувајќи ги и Божиќните празници, но и деновите по 10 јануари, штои значи дека станува збор за доста долг период, судејќи нормално според најновите излези на прогностичките модели, целиот Европски Континент, вклучувајќи го и целиот Балкан ќе биде заледен и зафатен од екстремно студен бран кој ќе се спушти од Арктикот кон Европа  и Балканот. Во склоп со циклонски активности ќе има и чести и обилни снежни врнежи, на повеќе места во вид на снежно невреме.


На многу места низ Европа температурите ќе се спуштаат под -10, -15 степени, исто така во многу делови од континентот се очекуваат температури дури до , па  и под -20 степени, а понекаде дури и до -30, во Алпскиот регион и под -30 степени.

Покрај тоа што многу снег ќе има  и на Балканот, во вид на снежно невреме, и на Балканот температурите ќе бидат екстремно ниски и во делови од Балканот се очекуваат температури дури до околу, па  и под -20 степени, а локално и до околу, па дури и под -25 степени, односно близу -30 степени.

Секако ако вака останат работите  и во следните излези на прогностичките модели, треба да се подготвиме за уште еден нов Метеоролошки екстрем, овој пат низ цела Европа и Балкан, вклучувајќи ја  и Македонија.

Инаку неодамна многу делови од Балканот се соочија со големо снежно невреме, каде во делови од Балканот наврна над еден и половина метар снег, оваа зима започна и наликува како оние дамнешни зими од деведесеттите години.

Можете да прочитате

Приведена жена од гостиварско, украла златен накит во вредност од 9.000 евра

Владата разгледува кризна состојба, греењето ќе се обезбеди со државни резерви на мазут

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух