Утрински Весник
Спорт

Леброн Џејмс е одушевен од Јокиќ: Тој е посебен!

Леброн Џејмс е одушевен од Јокиќ: Тој е посебен!

Денвер Нагетс ги декласира ЛА Лејкерс со 4:0 во финалето на Западната конференција и за првпат се пласираше во големото финале на НБА лигата. Уште еден спектакуларен меч одигра Никола Јокиќ. Ѕвездата на Денвер во решавачкиот натпревар имаше фантастични 30 поени, 13 асистенции и 14 скока.

dobivaj vesti na viber

Новинарите го прашаа Леброн Џејмс што му докажа Јокиќ во оваа финална серија на Западот.

„Ништо не ми докажа, знам колку е голем, знам дека Џокер е одличен играч. Во лигата има играчи кои играат кошарка на одреден начин, како што јас сакам да играм, а Јокиќ е еден од нив. Тој е способен да постигне кош, да скока, да шутира… Ја гледа ситуацијата пред да се случи. Нема многу играчи како него во НБА. Тој е посебен“, изјави Леброн Џејмс.

Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари