Утрински Весник
Спорт

ЛЕ: Рома остана во живот, Арсенал сигурен во Норвешка

ЛЕ: Рома остана во живот, Арсенал сигурен во Норвешка
Dik 300x250 mk

Рома на Жозе Мурињо успеа да ги заддржи шансите за пласман во нокаут-фазата на Лига Европа откако на „Бенито Вилјамарин“ успеаја да извлечат 1:1 реми.

dobivaj vesti na viber

Серхио Каналес во 34. минута го донесе Бетис во водство пред Андреа Белоти во 53. минута да израмни на 1:1. По поразите од Лудогорец на гости и од Бетис дома, на „волчицата“ сега ѝ требаат две победи против Лудогорец дома и против ХЈК Хелсинки на гости за да влезе во нокаут-фазата.

Арсенал, пак, кој има само три одиграни меча поради одложувањето на мечот со ПСВ, ја забележа и третата победа со тесни 0:1 на гостувањето кај секогаш незгодниот норвешки Бодо/Глимт. Одлучувачкиот гол на мечот беше дело на Букајо Сака во 24. минута од мечот, истиот ден кога беше објавено дека ќе биде на насловната страница на американскиот магазин „Тајмс“.

Пласман во нокаут-фазата, пак, обезбеди Фенербахче на Езѓан Алиоски по 1:2 победата на гости кај АЕК Ларнака на Иван Тричковски. Алиоски му асистира на Жоао Педро во 16. минута од мечот пред токму Тричковски да израмни од пенал во 52. минута. До крајот на мечот беа досудени уште два пенала за турскиот клуб – Мичи Батшуаи беше прецизен во 80. минута пред Енер Валенсија да го промаши својот обид четири минути подоцна.
ЛИГА ЕВРОПА, 4. КОЛО
ГРУПА А
Бодо/Глимт – Арсенал 0:1
ГРУПА Б
АЕК Ларнака – Фенербахче 1:3
Динамо Киев – Рен 0:1
ГРУПА Ц
Реал Бетис – Рома 1:1
ГРУПА Д
Унион Сен Жил – Брага 3:3
ГРУПА Ф
Феенорд – Митјиланд 2:2
ГРУПА Г
Нант – Фрајбург 0:4
Карабаг – Олимпијакос 0:0

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс