Утрински Весник
Свет
Img 7972

Ле Пен и се закани на АфД со прекин на соработката поради идеите за масовна депортација

Ле Пен
300x250 opst2

Заедничката пратеничка група на АфД и Националната група (РН) во Европскиот парламент би можела да биде на работ на колапс. Лидерката на фракцијата на РН, Марин Ле Пен се закани дека ќе го растури сојузот. Причината, според Ле Пен, се извештаите за тајната средба во Потсдам меѓу политичарите на АфД и десничарските екстремисти за масовното протерување луѓе со мигрантско потекло од Германија.

-Целосно не се согласувам со предлозите за кои беше кажано дека се разговарало на оваа средба, рече Ле Пен, мислејќи на плановите за кои се разговараше во Потсдам.

Таа додаде дека мора да се испита дали тоа ќе има последици за заедничката група во ЕУ Парламентот.

-Никогаш не сме ја бранеле политиката на повторна емиграција. Ќе мора да разговараме за овие многу големи разлики во мислењата. Никогаш не сме ја бранеле политиката на повторна емиграција што би вклучувала одземање на француското државјанство што го добиле, дури и ако ги критикуваме условите за негово добивање, истакна Ле Пен.

Мартин Селнер, долгогодишен портпарол на австриското десничарско екстремистичко „Движење за идентитет“, претстави план за такво масовно протерување, еуфемистички наречено „ремиграција“.

 

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв