Утрински Весник
Македонија

ЛДП е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку ги поддржат уставните измени

ЛДП е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку ги поддржат уставните измени

Европската иднина на граѓаните е најважна и секако напредокот на Македонија во преговорите со Европската унија и отворање на кластерите. И токму затоа го поздравуваме расположението на ВМРО-ДПМНЕ во нивниот избор да дадат поддршка во евроинтеграциските процеси и да гласаат за промена на Уставот, истакна претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

dobivaj vesti na viber

Оттука Либерално-демократската партија е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку опозицијата ги поддржи уставните измени.

„Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, но истите да стапат во сила пред формирањето на влада во која би се приклучиле како опозициска партија. Сите заедно имаме одговорност по кој пат ќе ја движиме државата и каков стандард ќе им обезбедиме на граѓаните“, додаде Зајкова.

Идејата произлезе од денешната лидерска средба на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory