Утрински Весник
Македонија

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детаљни проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Можете да прочитате

Финансиска полиција: Пронајдени 350.000 евра во таен простор во Неготино при извршен претрес на дом

РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за Богојавление – Водици

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба