Утрински Весник
Свет

Лавров за важниот договор: Сакаме гаранции, а не ветувања

Лавров: Политичката цел на Вашингтон е насочена против пријателството меѓу Москва и Киев

Русија не гледа знаци дека ќе добие гаранции што ќе и овозможат да го обнови договорот со кој на Украина, еден од најголемите светски извозници, и овозможува извоз на жито преку Црното Море, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Русија го напушти едногодишниот договор во јули, жалејќи се првенствено дека западните санкции го попречуваат нејзиното снабдување со жито и вештачко ѓубриво, што е во спротивност со меморандумот потпишан заедно со црноморскиот договор за жито.

Лавров по средбата со министерот за надворешни работи на Турција, која посредуваше во договорот заедно со ОН, рече дека Русија е подготвена да се врати на договорот „утре“ доколку нејзините барања бидат исполнети, но дека нема знаци дека тоа ќе се случи.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека „Русија има барања за непречен извоз на нејзиното жито и вештачки ѓубрива. На нашиот состанок ја потврдивме важноста од исполнување на овие барања“.

Тој додаде дека, со турските напори и придонеси, ОН подготвиле нов пакет предлози.

„Ние веруваме дека ова дава соодветна основа за заживување на иницијативата“, додаде тој.

Но, Лавров рече дека „се уште нема гаранција во таа порака“ и дека тоа се „само ветувања“.

„Штом тоа не се ветувања, туку гаранции, со конкретен резултат што може да се спроведе утре, тогаш имплементацијата на овој пакет во целост ќе продолжи утре“, кажа рускиот министер.

Тој рече дека Западот е тој што застанал на патот на решението.

„Членките на ОН не можат да направат ништо сами, тие се принудени да бараат од Западот да биде разумен, да заземе конструктивен пристап, а Западот не сака да го направи тоа“, додаде Лавров.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков