Утрински Весник
Свет

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма

Lavrov.webp.webp

Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во соопштение објавено денеска.

Во интервју за руската државна агенција, Лавров, исто така, ја повика Јапонија „внимателно да размисли“ за она што го опиша како пат кон милитаризација.

Лавров во интервјуто изјави дека европски контингент, доколку биде распореден во Украина, ќе стане легитимна цел на руските вооружени сили.

„Европските политичари не ги жалат не само Украинците, туку ни сопственото население“, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека „тоа го докажуваат актуелните разговори во Европа за испраќање воени контингенти во Украина.

„Веќе сто пати рековме дека во таков случај тие би станале легитимна цел на нашите вооружени сили“, потсети Лавров.

Лидерите на водечките европски земји кон средината на декември објавија дека безбедносните гаранции за Киев мора да вклучуваат создавање „мултинационални сили за Украина“ предводени од европските сили. 

Можете да прочитате

Ирански министер до Трамп: Спремни сме на ескалација

(Видео) Иран ја погодил американската амбасада во Багдад

Возач во Дубаи загина откако шрапнел од ракета му паднала врз автомобилот