Утрински Весник
Свет

Лавров: По срамното повлекување, НАТО повторно бара начин да влезе во Авганистан

Lavrov 1.webp.webp

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на Меѓународната конференција на азиските политички партии предупреди за наводните обиди НАТО да се врати во Авганистан, објави авганистанскиот весник „Толо њуз“.

Лавров рече дека по „хаотичното“ повлекување од Авганистан, НАТО сега се обидува да се врати во земјата. Според него, НАТО се обидува да ги пронајде сојузниците на Москва во Централна Азија и врши притисок врз нив да изберат помеѓу Русија и САД.


-По срамното повлекување на НАТО од Авганистан пред четири години, Алијансата повторно се обидува да најде нови точки за влез во земјата. Тие активно вршат притисок врз нашите пријатели, сојузници и стратешки партнери во Централна Азија и се обидуваат да го наметнат својот добро познат концепт „или со нас или со Русија“, рече Лавров.

Ова не е првпат Русија да изрази загриженост поради наводниот обид на НАТО да се врати во Авганистан и регионот.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи и шефот на неговата служба за надворешно разузнавање предупредија против враќањето на НАТО во Авганистан.

-САД немаат интерес за воено присуство во Авганистан. Меѓутоа, овие руски изјави укажуваат дека Русија сака да формира антизападен блок во регионот и да го претвори Авганистан во свој сојузник, рече Џанат Фахим Чакари, авганистански политички аналитичар.

Предупредувањето на Русија за враќањето на НАТО во Авганистан доаѓа во време кога американскиот секретар за одбрана на состанокот во Сингапур овој викенд нагласи дека Вашингтон повеќе нема да учествува во „бесцелни војни“, како што беше војната во Авганистан.

Можете да прочитате

Опозицијата во Холандија бара предвремени избори откако падна владата

Неколку деца хоспитализирани во Италија поради труење со хлор по пливање во базен

Турските власти запленија речиси два тона наркотици на границата со Иран