Утрински Весник
Свет

Лавров: Обидите за изолација на Русија го доведоа Западот до самоизолација

Lavrov.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека напорите на Западот да ја изолира Русија резултирале со непријатни и, како што рече, понижувачки сцени на меѓународни собири, по што, според него, западните земји на крајот се нашле во состојба на самоизолација.

„Имаше апсолутно срамни ситуации кога на меѓународни настани, како што е Г20, се договорија да не се ракуваат со руските претставници. Кога нè гледаа во ходниците во близина на салата за состаноци, се преправаа дека го тргаат погледот и бегаа од нас – возрасни луѓе“, рече Лавров во интервју за време на манифестацијата „Јолка желја“ (Божиќна желба), пренесе ТАСС.

Тој посочи дека Москва во меѓувреме ја зајакнува соработката со земјите од, како што го нарече, „глобалното мнозинство“ во Азија, Африка и Латинска Америка. Според Лавров, токму Западот се довел во позиција на изолација, а европските политичари, како што додаде, придонесуваат за создавање антируска хистерија.

Можете да прочитате

Захарова: Секоја армија од Коалицијата на подготвените испратена во Украина ќе се смета за легитимна воена цел

Француските земјоделци го блокираа Париз со трактори 

Трамп го кани претседателот на Колумбија во Белата куќа