Утрински Весник
Свет

Лавров: Европските лидери тајно контактираат со Русија, но без нови предлози

Lavrov.webp.webp

Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија истакна дека Русија одржува контакт со неколку европски земји, но нивните лидери не предлагаат нови идеи и бараат контактите да не бидат јавно објавени.

„Тие ни се јавуваат и нè замолуваат да не ги објавуваме разговорите. Некои се појавуваат тука и имаат „тајни“ контакти. Но, ништо што нашите европски партнери ни го кажуваат за време на овие затворени и доверливи контакти не е различно од она што го кажуваат јавно“, изјави  Лавров за „Раша тудеј“ по повод Денот на дипломатите.

Тој рече дека европската страна продолжува да ги упатува истите повици во врска со завршувањето на војната во Украина, но дека во своите изјави се дистанцирале од повиците за стратешки пораз на Русија.

„Кога сфатија дека сето тоа се илузии, ја сменија својата реторика“, рече Лавров.

Лавров како несериозни ги оцени нејасните планови на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со неговите контакти со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова е лоша дипломатија. Ако сакате да се јавите и да разговарате за нешто сериозно, тогаш јавете се. Рускиот претседател секогаш ќе се јави и ќе ги слушне сите предлози, а ако зборуваме за сериозни предлози, можам да ве уверам дека тие нема да останат без одговор со сериозен, конкретен, практичен одговор“, нагласи Лавров.

Француските медиуми вчера објавија дека дипломатскиот советник на Макрон, Емануел Бон, ја посетил Москва во вторникот со цел да воспостави дијалог меѓу Макрон и Путин, а Кремљ и Елисејската палата ниту ја потврдија ниту ја негираа оваа информација.

Можете да прочитате

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија

36 клинички извештаи за деца со симптоми на труење поврзани со повлечена бебешка формула во Велика Британија